Роналдо лут зошто беше заменет, а Пирло жестоко му одговори

Кристијано Роналдо даде два гола на гостувањето кај Интер и беше најзаслужен за победа од 2:1 на „Џузепе Меаца“ во првиот меч од полуфиналето од Купот на Италија. Иако беше најдобар на теренот, Роналдо беше заменет во 76-тата минута.

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, процени дека Роналдо треба да биде поштеден и дека водството од 2:1 е сосема доволно за Старата дама. Кога виде дека треба да го напушти теренот, Роналдо се налути и со гестикулации покажа дека не се согласува со одлуката на тренерот.

По мечот, Пирло имаше објаснување зошто го извади Роналдо, но и зошто Португалецот не треба да се лути.

„Секако дека во такви моменти сакате да му помогнете на тимот. Кристијано знае дека е наш фундаментален играч, но мора да има период во кој ќе треба да одмори малку. Му реков дека следниот викенд играме важен меч и мора да биде одморен за тогаш, па затоа и го извадив од игра. Многу мечеви ги игра без престан“, објасни Пирло, кој додаде дека тој сам одлучува и дека нема никаков проблем ако Роналдо не го доигра целиот натпревар. „Впрочем, во договорот на Роналдо не постои клаузула во која се вели дека тој мора цел натпревар да игра“, објаснува Пирло.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести