Роналдо мора до утре да се јави на рапорт во Јувентус

Кристијано Роналдо мора до утре да се врати во Торино и да се појави во својот клуб Јувентус, за да мине 14-дневен карантин и потоа да биде подготвен за тренинзи од 18. мај.

Португалецот е во родната Мадеира од почетокот на март, кога беше прекинато италијанското првенство поради пандемијата со Коронавирус.

Со него ист рок за кам-бек во Италија од своите земји имаат уште оссумина фудбалери на Јувентус. Ниту еден од нив се уште не е пристигнат во Торино, а и за Игуаин, Де Лихт, Кедира, Коста, Алекс Сандро, Данило, Шчесни и Рабио ќе важат истите правила, ќе мораат во двонеделен карантин пред да почнат да тренираат.

Планот за Серија А е да се почне со тренинзи на 18, мај, а потоа да се процени ситуацијата и да се предложат датуми за продолжение на сезоната.

Според првичните прогнози, мечевите од Серија А ќе почнат во периодот од 27 мај до 2 јуни, а ќе завршат во средината на јули. На крајот на мај треба да се играат и средби од Купот.

Најавено е дека четири клуба од Регионот на Емилија Ромања ќе можат да почнат со тренинзи од понеделник 4. мај, а тоа се Парма, Болоња, СПАЛ и Сасуоло.

- Оглас -

Најнови вести