Роналдо му подаде рака, а Бруно Фернандес со реакцијата јасно покажа кое е неговото мислење (Видео)

Кристијано Роналдо се најде лице в лице со Бруно Фернандеш за првпат по контроверзното интервју на петкратниот освојувач на Златната топка. Роналдо во своето интервју испука „отровни стрели“ кон Манчестер јунајтед, тимот во којшто игра заедно со неговиот сонародник Бруно.

Сите фудбалери во Манчестер биле шокирани од тоа што го зборува Роналдо во интервјуто, а шанса прв да го види Роналдо имаше токму Фернандеш, и тоа во соблекувалната на Португалија.

Роналдо тргна да се поздрави со Фернандеш, а овој едвај му подаде рака на соиграчот. Кристијано остана збунет, но сфати дека оваа реакција на Фернандеш е поради интервјуто кое возбуди многу фудбалски страсти.

 

- Оглас -

Најнови вести