Роналдо на соиграчите од репрезентацијата им се жалел дека има малку „Златни топки“

Фуддбалерот на Манчестер сити, Бернардо Силва, даде интервју во кое меѓу другото откри дека Кристијано Роналдо им велел на соиграчите од репрезентацијата дека требало да добие повеќе „Златни топки“ во кариерата.

Роналдо пет пати беше прогласуван за најдобар фудбалер на светот од „Франс фудбал“, а трипати во изборот на ФИФА.

„Ако ја освоиме Лигата на шампионите, Халанд ќе биде кандидат за Златната топка. Би сакал и моето име да биде меѓу кандидатите. Тука се и Меси и Мбапе, можеби и Винисиус кој има одлична сезона, би можел да ја добие наградата ако Реал биде европски првак. Сме имале тројца Португалци со наградата. Еузебио е најстар, Фиго освои кога имав 10 години, и нашиот капитен Кристијано Роналдо. Тој понекогаш вели дека чувствува дека заслужувал да има повеќе Златни топки. Тој сака секогаш да биде на врвот и да победува“ – вели Силва во интервју за францускиот магазин „Франс фудбал“.

- Оглас -

Најнови вести