Роналдо не е среќен од одговорот на Манчестер за неговото барање

Манчестер јунајтед инсистира дека нивната ѕвезда Кристијано Роналдо не е на продажба.

На Кристијано Роналдо не му се допаѓа пасивноста на Манчестер јунајтед во преодниот рок, и побарал трансфер ако дојде добра понуда за него. Роналдо нема ништо против менаџерот Ерик Тен Хаг, но клубот како да не ги следи неговите амбиции за бркање трофеи, а и играњето во Лига Европа не го задоволува.

Агентот Мендеш веќе го нуди Роналдо на разни клубови, а понуда за Португалецот дојде од Наполи, но се шпекулира дека Челзи кој има нов газда, е најзагреан за најдобриот стрелец на сите времиња, особено сега кога си замина Ромелу Лукаку, и им треба врвен напаѓач.

Се шпекулира дека Роналдо го сакаат и Спортинг Лисабон, Баерн, и уште неколку клубови, меѓу кои засега не е ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести