Роналдо не можеше да поверува што промаши (Видео)

Вистинска голеада има на дуелот Ал Наср – Ал Ахли во дербито на колото во првенството на Саудиска Арабија. По само 55 минути игра, Ал Наср води со 4:2, а во главна улога секако е Кристијано Роналдо.

Португалецот постигна два гола за Ал Наср, исто колку и Талиска, додека Кеси и Марез беа стрелци за гостите во досегашниот дел од мечот. Покрај шесте погодоци за помалку од еден час игра, највпечатливо е тоа што го промаши Роналдо во осмата минута од мечот.

Голгетерот буквално беше сам пред противничкиот гол, а по една остро шутната топка по земја, Роналдо требаше само да ја погоди празната мрежа, но наместо погодок, Роналдо ја погоди стативата. Португалецот самиот не можеше да си поверува дека не успеа да постигне гол. Ова неверојатно промашување на Роналдо може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести