Роналдо нема да тагува по Дибала, на Јуве му предлага да купи еден друг Аргентинец

Крилниот напаѓач на Јувентус, Кристијано Роналдо, би сакал повторно да биде соиграч со Анхел Ди Марија со кого играа во Реал Мадрид, и на раководството на Јуве му предложил да се обиде да го купи Ди Марија во случај преговорите со Пауло Дибала за нов договор да пропаднат.

Се чини дека оваа сезона ќе биде последна за Дибала во дресот на Јуве, а и договорот на Ди Марија со ПСЖ истекува на крајот на јуни 2021 година, и засега нема најава дека ќе остане и после тоа. Ако до јануари не се постигне договор за продолжување на соработката, Ди Марија ќе биде слободен да си оди од клубот во кој е пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести