Роналдо: Немам намера да одам во Интер!

Кристијано Роналдо ги негираше информациите дека може да го напушти Јувентус и да го прифати предизвикот да замине во САД, и да го облече дресот на новиот американски клуб Интер од Мајами.

Пред некој ден, Дејвид Бекам кој е газда на Интер Мајами, најави дека сака клубот да привлече некое од најголемите имиња на светскиот фудбал како Роналдо или Меси. Португалецот прв се изјасни и засега нема намера да игра во МЛС лигата.

„Среќен сум во Јувентус. Играм за најдобриот клуб во Италија, со мене се најдобрите играчи. Задоволен сум, освоивме трофеи минатата година, се надевам и оваа ќе освоиме уште титули. Дојдов во Јувентус за да давам голови и да го давам најдоброто од себеси. Одиграв 1.000 меча досега, се надевам дека ќе одиграм уште стотици” – рече 35-годишниот Роналдо.

Новиот клуб од Мајами, утре против Лос Анџелес ФК го има својот прв меч во историјата.

- Оглас -

Најнови вести