Роналдо: Овие фудбалери заслужија да ја освојат „Златната топка“

Еден од најдобрите голгетери на сите времиња, Бразилецот Роналдо во карирата успеа два пати да ја добие најпрестижната индивидуална награда, „Златна топка“. Роналдо имаше блескава кариера, а во 1997 и 2002 година беше прогласен за најдобар фудбалер, па го доби признанието за кое сонуваат голем број на фудбалери.

Бразилецот вели дека во негово време имало неколку врвни играчи кои заслужиле да ја освојат „Златната топка“, но никогаш не биле избрани за најдобри.

„Има четворица фудбалери кои требаше да ја добијат Златната топка во времето кога јас играв. Тоа се Алесандро дел Пјеро, Паоло Малдини, Франческо Тоти и Раул. Во оваа листа може да има место и за Роберто Карлос кој во 2002 година заврши на второто место зад мене“, рече Роналдо, кој потврди дека најлошиот период од неговата кариера е кога ги заработил двете тешки повреди на коленото во 1999 година и една година подоцна.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести