Роналдо: Плачев многу, тоа ми беше најтежок момент во кариерата

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, откри кој му бил најтешкиот момент во фудбалската кариера. Сега веќе 36-годишниот Португалец рече дека најтешко му паднало кога бил во млади години и морал да се раздели со семејството за да го облече дресот на Спортинг Лисабон.

Носителот на пет „Златни топки“ е роден во Мадеира, а во 1997 година замина во фудбалската академија на Спортинг во Лисабон. Пет години подоцна, Кристијано првпат заигра професионален фудбал, а во 2003 беше продаден во Манчестер јунајтед, каде што се стекна со светска слава.

„Кога членовите на семејството се поздравуваа со мене, носеа темни очила, но јас видов дека очите им се наполнети со солзи. Се качив на авионот со таа слика во умот. Тоа ми беше најтешкиот момент во кариерата поврзан со фудбалот. Плачев што семејството ми остана во Мадеира“, раскажа Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести