Роналдо почна да служи за потсмев: Каде заврши слободниот удар на Португалецот? (Видео)

Јувентус синоќа со 2:0 славеше на гостувањето кај Болоња и потврди дека е прв фаворит за титулата во Серија А. Уште во првото полувреме Старата дама даде два гола, а потоа само рутински ја задржа предноста.

Кристијано Роналдо погоди од пенал за водство на фаворитот, а потоа Пауло Дибала зголеми на 2:0. За Роналдо ова беше прв погодок по пауза од 121 ден, што е негова втора најголема пауза меѓу два погодоци. Најголема вина за оваа пауза имаше корона-вирусот, поради кој три месеци фудбалот во Италија принудно мируваше.

Покрај погодокот, Роналдо имаше и безуспешни обиди за погодок од слободен удар. Откако е дојден во Јувентус, Роналдо нема дадено ниту еден гол од слободен удар, а синоќа на мечот против Болоња пристојно се посрамоти. Шутот од слободен удар наместо кон голот, заврши високо и далеку од голот на Болоња, па сè погласни се најавите дека е време Португалецот конечно да се откаже од шутирањето на ударите од прекин.

Откако го има облечено дресот на Јувентус, Роналдо нема постигнато ниту еден погодок од слободен удар. Последен пат директно од прекин погодил уште додека го носеше дресот на Реал Мадрид, во 2017 година.

https://twitter.com/i/status/1275157873178411010

 

- Оглас -

Најнови вести