Роналдо решета и на 39 години, оствари хет-трик на втор меч по ред (Видео)

Кристијано Роналдо продолжува со одличните игри во дресот на Ал-Наср, кој вечерва оствари убедлив триумф од 0:8 на гостувањето кај Абха во саудиската Про лига.

Иако саудискиот шампионат не е на нивото на Премиер лигата, Серија А и Ла Лига, каде што Роналдо помина најголем дел од кариерара, Роналдо и на 39 години ги тероризира противничките одбрани и голмани.

Во убедливиот триумф од 8:0, кој му е најголем со Ал-Наср, Португалецот постигна три фантастични гола, и тоа само за 45 минути.

Роналдо првите два гола ги даде од слободен удар, и тоа во 11-тата и во 21-тата минута, а третиот гол го постигна во 42-рата минута, кога на мајсторски начин го лобуваше голманот на Абха.

Интересно е што Роналдо на втор меч по ред остварува хет-трик, претходно три гола му даде и на Ал-Тае во победата од 5:1.

Останатите голови за Ал-Наср ги постигнаа Садио Мане, Ал-Сулајхем, Гареб и двапати стрелаше Ал-Елеваи.

Убедлив триумф оствари и Ал-Хилал, кој речиси сигурно ќе ја освои титулата. Ал-Хилал со 3:0 го совлада Ал-Акдод и по 26 одиграни кола има 74 бода на лидерската позиција, дури 12 повеќе од Ал-Наср.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести