Роналдо сакаше да дрибла и се посрамоти, Португалецот ја научи и лекцијата да не паѓа на провокации кога му викаат „Меси, Меси“ (Видео)

Кристијано Роналдо и неговиот Ал-Наср загубија синоќа загубија од Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати со 0-1 во првиот меч од четвртфиналето во азиската Лига на шампиони, а Португалецот беше главна ѕвезда на теренот. Роналдо имаше голема шанса да израмни на 1:1, но неговиот шут на неверојатен начин го одбрани голманот на противничкиот тим. 

Дека не му беше баш најдобар ден на Португалецот, се виде и во еден момент кога сакаше атрактивно да дрибла, но самиот се сплетка и противниците лесно му ја одзедоа топката.

Навивачите на Ал-Аин на секаков начин се обидуваа да го дефокусираат Роналдо, а секако, најпознат метод е тој да скандираат „Меси, Меси“ од трибините. Поради таквото скандирање, Роналдо направи испад во Саудиска Арабија и заработи суспензија од два меча, но сега Португалецот беше многу посмирен.

- Оглас -

Најнови вести