Роналдо се налути: Нема тој таква моќ за тоа да ми го каже на мене

Португалија во третото коло од Светското првенство го доживеа првиот пораз, откако со 2:1 загуби од Јужна Кореја. Португалците водеа со 1:0, на полувреме беше 1:1, а Јужна Кореја до победа стигна со гол во 90+1 минута. Тој погодок ја однесе Јужна Кореја во осминафиналето на СП.

Кристијано Роналдо беше стартер за Португалија и играше до 65 минута, кога беше заменет. Токму во тие моменти кога Роналдо требаше да го напушти теренот, се случи еден помалку неочекуван вербален инцидент.

Додека Роналдо полека го напушташе теренот, напаѓачот на Јужна Кореја Чо Гуе-сунг му сугерираше на Португалецот дека треба да побрза за да излезе од теренот. Тогаш Роналдо се налути и влезе во вербален конфликт со противникот. По мечот, Роналдо откри што се случило.

„Додека излегував од теренот, корејскиот фудбалер ми рече дека треба да побрзам за да излезам. Јас на тоа му одоговрив дека треба да ја затне устата. Ако судијата не реагира, тогаш нема што противникот да се буни. Нема тој таква моќ за тоа да ми го каже мене“, изјави Роналдо, кој засега останува само со еден погодок на ова Светското првенство.

Легендарниот Еузебио е најефикасен Португалец на Мундијалите со девет гола, а Роналдо досега е на бројката од осум погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести