Роналдо се пофали со новиот часовник вреден 130.000 евра (Фото)

Кристијано Роналдо се пофали со нов часовник специјално дизајниран за него.

Производителот на луксузни часовници Jacob&Co при отворањето на нова продавница во Ријад, Саудиска Арабија, дизајнира часовник Hear of CR7 и му го подари на Португалецот, кој беше специјален гостин.

Вредноста на новиот часовник на Роналдо изнесува 130.000 евра, а Португалецот веднаш се пофали на социјалните мрежи.

На часовникот има 26 дијаманти, фудбалска топка и позата со која Роналдо ги прославува головите.

 

- Оглас -

Најнови вести