Роналдо: Сер Алекс беше клучна фигура во мојот камбек во Јунајтед

Кристијано Роналдо по 12 години повторно ќе ги брани боите на Манчестер јунајтед, клубот каде што прерасна во ѕвезда каква што е денес.

Во своето прво интервју како старо-нов Црвен ѓавол, Роналдо кажа дека токму Сер Алекс Фергусон беше главната причина што се одлучи за преселбата назад во редовите на 20-кратниот англиски шампион.

„Како што знаат сите, во Манчестер пристигнав кога имав само 18 години. Тогаш, како и сега, Сер Алекс Фергусон беше во главна улога за да се преселам на „Олд трафорд“. Сер Алекс го чувствувам како фудбалски татко. Ме научи толку многу, ми помагаше секојдневно, дури и кога си заминав пред 12 години останавме во контакт. Тој е неверојатна личност, поради него се вратив тука. Секако дека најдобра и најлогична одлука за мене беше да се вратам „дома“. Со нетрпение чекам да се појавам на теренот пред навивачите кои заедно доживеавме доста убави работи. Мило ми е што уште пејат песни за мене, едвај чекам да им возвратам како што доликува“, истакна Роналдо.

Роналдо своето второ деби за Ѓаволите ќе може да го оствари по репрезентативната пауза, против Њукасл на 11 септември токму пред домашната публика на „Театарот од соништата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести