Роналдо со еден гол сруши два рекорди (Видео)

Јувентус победи на гости кај Сасуоло со 3:1, меч на кој Кристијано Роналдо постави два рекорди. Роналдо даде еден гол, но тој беше доволен за Португалецот да постави два рекорди. Најголемата ѕвезда во Серија А стана првиот фудбалер кој успеал да стигне до 100 погодоци во дресот на Јувентус во само три сезони.

Досега тој рекорд го држеа Омар Сивори и Роберто Баџо на кои им беа потребни четири сезони за да стигнат до троцифрен број погодоци во дресот на Старата дама, а сега Роналдо тоа го постигна во само три сезони. Освен тој рекорд, Роналдо стана првиот фудбалер во историјата што може да се пофали дека со три различни клубови и плус со репрезентацијата има 100+ погодоци.

 

Во дресот на Манчестер јунајтед Роналдо даде 118 погодоци, како играч на Реал Мадрид даде дури 450 голови, а сега со Јувентус е точно на 100 голови. Во дресот на португалската репрезентација Роналдо има 103 погодоци.

Освен Роналдо, на дуелот против Сасуоло до јубилејниот 100-ти погодок во дресот на Јувентус стигна и Пауло Дибала. Овој меч ќе го памти и легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, кој успеа да одбрани пенал против Сасуоло и така ста најстариот голман кој усшеал да одбрани удар од белата точка во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести