Роналдо нема да игра против Аталанта, ама упати порака до Сари

„Војната“ меѓу Кристијано Роналдо и Маурисио Сари продолжува откако тренерот на Јувентус го исфрли Португалецот од составот за денешниот меч против Аталанта. Објаснувањето на Сари беше дека сака да го чува Роналдо да биде свеж и подготвен за мечот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони, бидејќи Португалецот уште не бил закрепнат од повредата.

Нејасно е за каква повреда зборува Сари, ако се знае дека Роналдо во изминативе неколку дена одигра два меча за Португалија и даде четири гола за 172 минути поминати на теренот. Кристијано беше вистински предводник на Португалија до пласманот на ЕП 2020, но во Јувентус е повреден.

Првата ѕвезда на италијанскиот првак овојпат не падна на провокацијата на тренерот, па откако дозна дека нема да игра против Аталанта, преку социјалните мрежи испрати порака. „Фокусиран сум на рехабилитацијата, за да можам што е можно побрзо да се вратам во тимот“, напиша Роналдо на својот Инстаграм профил.

 

- Оглас -

Најнови вести