Сари си тера по свое, не смета на Кристијано за дуелот со Аталанта

Јувентус на гостувањето кај Аталанта утре од 15 часот, ќе игра без Кристијано Роналдо. Ова го објави тренерот Маурицио Сари, кој сака да го зачува својот најдобар фудбалер за пресметката со Атлетико Мадрид.

Сари вели дека ќе го поштеди Португалецот кој имал мала повреда, но без проблеми играше за својата репрезентација. Пред репрезентативната пауза, имаше тензии во Јуве откако Роналдо се налути кога беше повлечен од игра во раната фаза од второто полувреме на дуелот со Милан.

И оваа одлука на Сари предизвикува контроверзи во Италија, бидејќи иако приоритет на клубот е ЛШ, таму Јуве има обезбедено место во осминафиналето и мечот со Атлетико не е толку пресуден. Во Серија А, Јуве води тесна битка за првото место со Интер, и нема да им биде лесно против петтата Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести