Роналдо стана газда и го избрка легендата кој одигра речиси 1.000 мечеви за клубот

Бразилската фудбалска легенда Луис Назарио де Лима Роналдо, по превземањето на сопствеништвото на бразилскиот гигант Крузеиро, веднаш почна со екстремни потези. Прв потег му беше бркањето на проаславениот тренер Вандерли Лукшембурго, а сега си замина и еден од симболите на клубот, голманот Фабио.

Роналдо реши да го намали буџетот на екипата за новата сезона, а на играчите кои нема да ја прифатат новата политика на клубот, им беше дозволено да си заминат. Прв тоа го направи Фабио, човекот кој 16 години бранеше за Крузеиро.

„Со тешко срце, со болка и со солзи, објавувам дека веќе не сум член на клубот. Ми рекоа дека веќе не сум во нивните планови и дека нема да ми го продолжат договорот. Никаква опција не ми беше понудена“, рече 41-годишниот Фабио.

https://twitter.com/i/status/1478887138984931331

Заминувањето на клупската легенда ги шокираше навивачите. Дел од нив излегоа на улица и протестираа поради оваа одлука на газда Роналдо.

Сепак оваа одлука нема да се промени и Фабио кој има одиграно 952 мечеви за Крузеиро, ќе си замине по 16 години поминати во бразилскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести