Роналдо стигна до 700 голови, а колку погодоци има Меси во кариерата?

Португалија вечерва загуби од Украина на гости, но капитенот на европскиот првак имаше причини за задоволство. Кристијано Роналдо го постигна 700-тиот погодок во кариерата. Голот може да го погледнете ТУКА.

Роналдо во дресот на Португалија има 95 голови, а 605 има дадено во клупската кариера. Пет гола му се во дресот на Спортинг, има 118 за Манчестер јунајтед, најмногу блесна за Реал Мадрид и стигна до 450 голови во Кралскиот клуб, а за Јувентус досега има дадено 32 погодоци.

Во текот на речиси целата кариера Роналдо се натпреварува со Лионел Меси. Аргентинецот, кој е две години помлад, има погодувано само во дресот на националната селекција и во клупскиот дрес на Барселона. Меси досега има дадено 672 погодоци, што значи дека заостанува 28 гола зад Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести