Роналдо уверува: Следната сезона ќе освоиме некој трофеј со Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед имаше катастрофална сезона во која што не успеа да запише настап во Лигата на шампионите, но и во сите останати натпреварувања доживеа рана елиминација.

Тимот се наоѓа пред целосна реконструкција која што почна со доаѓањето на Ралф Рангник, кој го назначи Ерик Тен Хаг за нов тренер. Еден од најдобрите, ако не и најдобар играч во оваа лоша сезона беше Кристијано Роналдо.

Португалецот беше единствената светла точка заедно со Давид Де Хеа, а е оптимист во пресрет на наредната.

„Ветувам дека следната сезона ќе освоиме некој трофеј со Манчестер јунајтед.

Знам дека од оваа не може полошо да одиграме. Со неколку нови играчи и новиот тренер верувам дека ќе го вратиме тимот на старите патеки“ изјави Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести