Италијанскиот првак Јувентус вечерва игра против СПАЛ во четвртфиналето од Купот на Италија. Старата дама е апсолутен фаворит, па тренерот Андреа Пирло одлучи дека нема да има потреба од најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо.
Португалецот е изоставен од составот за средбата против единствениот второлигаш кој остана во Купот. Освен Роналдо, ќе го нема ни Пауло Дибала, кој е повреден, па во нападот на торинскиот гигант најистурен ќе биде Алваро Мората. Во составот на Јувентус се враќа и Алекс Сандро, кој го победи корона-вирусот.
Во шесте одиграни меѓусебни дуели Јувентус има четири победи, СПАЛ се радувал еднаш, а еден меч завршил без победник.
#! ⚪️⚫️#CoppaItalia #FinoAllaFine #ForzaJuve pic.twitter.com/E3AZWO8pQf
— JuventusFC (@juventusfcen) January 27, 2021