Роналдо во една слика го опиша животот со Коронавирус (Фото)

Кристијано Роналдо веќе четврти ден е позитивен на Коронавирусот, а Португалецот делува како да е на одмор, а не во изолација. Додека беше во Португалија беше откриено дека Роналдо е позитивен, но тоа не му беше пречка да си замине од родната земја и да се врати во Италија.

Првата ѕвезда на Јувентус сега во Торино го продолжи периодот на изолација, а со фотографија на социјалните мрежи, Роналдо покажа дека ужива и во ова време во кое мора да го помине заразен со Коронавирусот. Седнат покрај базенот, Кристијано упати порака до своите фанови.

„Немојте да дозволите тоа што не можете да го правите, да ви застане на патот за она што можете да го направите“

 

- Оглас -

Најнови вести