Бразилецот Роналдо вели дека селекторот на Кариоките, Тите, погрешил што не го повика 16-годишниот мегаталент Ендрик во составот на најтрофејната нација за Мундијалот во Катар.
Ендрик, кој игра за Палмеирас и е вистинска фудбалска сензација што предизвика интерес од многу европски гиганти, не се најде на списокот со 26-мина фудбалери што ќе се обидат да му ја донесат на Бразил рекордната шеста светска круна.
„Многумина жалат што на списокот не е Габигол, но јас да бев селектор, последната покана ќе беше за Ендрик. Иако е јасно дека во ваква конкуренција немаше многу да игра, дури и воопшто да нема минутажа, пат на Светско првенство за млад играч е непроценливо искуство. Јас бев на Мундијалот во 1994 година во САД кога имав само 17 години и иако не играв, присуството на вака големо натптреварување тогаш ми значеше сè во животот“, вели Роналдо.
Бразил има страшен состав и е топ-фаворит за ново мундијалско злато, а досега со пет шампионски круни е рекордер.
https://twitter.com/UOLEsporte/status/1589652500759515136?s=20&t=whLhBdozFSSAf2w–BodsA
Во првата фаза од првенството што ќе се игра од 21 ноември до 18 декември, Бразил ќе игра во Г групата со Србија, Швајцарија и Камерун.