Рони на „ракетен погон“, успешно ја почна одбраната на титулата

Рони О‘Саливен со победа од 10-4 во фрејмови над Марк Џојс, ја почна одбраната на титулата на Светското првенство во снукер, кое започна денеска во „Крусибл“ театарот во Шефилд. Следен противник на О‘Саливен ќе биде Рики Волден или Ентони Мекгил.

О‘Саливен не го почна дуелот како што посакуваше, многу грешеше во првата сесија, но успеа некако да ја добие со 6-3. Вечерва тој ја доврши работата околу пласманот во второто коло, а во последните два фрејма покажа зошто го викаат Ракета и набрзина направи два троцифрени брејка.

- Оглас -

Најнови вести