Рони О’Саливен го направи најголемиот брејк во историјата на снукерот (Видео)

Најдобриот играч во историјата на снукерот, Рони О’Саливен остнари неверојатен подвиг, стигна до најголемиот брејк во историјата на снукерот со 153 поени. Историскиот момент О’Саливен го оствари во четвртфиналето на World Open во Кина на мечот против Рајан Деј.

Познато е дека максимумот во снукерот е 147 поени, но Рони успеа да го направи неверојатното благодарение на неговиот противник. Деј промаши една кугла и му овозможи на О’Саливен да ја уфрли зелената кугла и да започне со 8:0. Потоа, најтрофејниот снукер играч во историјата успеа да погоди 15 црвени кугли, 13 црни и две пинк, за рекорд од 153 поени.

На крајот, О’Саливен овој дуел против Деј го доби со убедливи 5:0.

„Благодарам на сите кои ми честитаа за овие 153 поени. Ова беше сјаен момент во којата кариера“, задоволно коментираше Рони О’Саливен.

- Оглас -

Најнови вести