Росонерите се непожелни гости во Болоња

Болоња – Милан (20:45ч, 15-то коло од Серија А)

Ако се гледа традицијата, овој меч уште сега треба да се запише како победа за Милан. Росонерите во последните седум меча против Болоња остварија шест победи, од кои три се на гостински терен. Интересно е што во овие седум дуели не се постигнале повеќе од три гола, а знаејќи ја формата на двете екипи не се очекува ништо повеќе и вечерва.

Болоња е раздрмана по убедливиот пораз од Удинезе во италијанскиот Куп, Синиша Михајловиќ ќе има тешка мисија да ги освести своите фудбалери. Гостите од Милано имаа три дена повеќе како подготовка за овој дуел, така што кондицијата може да одигра важна улога во нивниот обид да запишат нов триумф.

Предлог тип: X2 & 1-3 (2.25)

 

Брајтон – Вулверхемптон (17:30ч, 16-то коло од Премиер лига)

Вулверхемптон уште не знае за победа против Брајтон во рамки од Премиер лигата. Двомечот од минатата сезона го добија Галебите (1-0 и 0-0), што значи дека знаат како треба да се скротат крвожедните Волци. Гостувањето на „Емирати“ во претходното коло им влеа огромна самодоверба на фудбалерите на Брајтон, го совладаа Арсенал со 2-1, па таков сличен настап може да им обезбеди добар резултат и денес.

Ако се земат во предвид и поранешните дуели од втората англиска лига, Вулверхемптон последен пат победи во 2016 година, а претходно во 2006 година, така што традицијата не е во нивна полза. Еден гол често ги решава средбите на овие две екипи, но се чини дека е време за повеќекратно тресење на мрежите.

Предлог тип: 1+I & 1+II (1.93)

 

Марсеј – Бордо (21ч, 17-то коло од Лига 1)

Поразот од ПСЖ пред два месеци ги разбуди фудбалерите на Марсеј, па затоа нанижаа пет победи со кои ја држат втората позиција на табелата. Избраниците на Андре Вилјаш-Боаш играат подобро од натпревар во натпревар, па на ред е Бордо да го почувстува нивниот квалитет.

Бордо од 2008 година чека да се израдува на „Велодром“, па иако оваа сезона Жирондинците се далеку подобри во однос на претходните сезони, се чини дека и по овој меч ќе останат да се надеваат на добар резултат во некоја наредна прилика. И тие се во непоразителна серија од пет меча, но ремијата против Ница и Ремс се доволно добар знак дека Бордо има слаба точка, која Марсеј ќе ја искористи.

Предлог тип: 1 & T12+ (2.08)

 

Вердер Бремен – Падерборн (18ч, 14-то коло од Бундеслига)

Дуелот против Падерборн е одлична прилика за Вердер да наниже две победи во германскиот шампионат за првпат по три месеци. Во претходното коло го изненадија Волфсбург, а сега во улога на фаворити ја бркаат четвртата победа сезонава.

Падерборн загуби во три од последните четири меча во првенството, со само еден триумф по 13 натпревари се носители на фенерот на табелата. Последното нивно гостување на „Весерстадион“ го паметат по убедливиот пораз од 4-0, па иако Вердер не е напаѓачки настроен тим, може да се очекува сличен ваков исход.

Предлог тип: 1-1 (2.25)

 

Осасуна – Севилја (21ч, 16-то коло од Ла Лига)

Севилја е најблиску до водечките Барселона и Реал Мадрид, со 30 бода ја држат третата позиција на табелата, што е награда за нивната одлична форма во изминатиов период. Андалузијците се непоразени во 10 последователни меча во сите натпреварувања, од кои победија во осум од нив, а дури пет ги нанижаа со гол-разлика од 11-3.

Осасуна треба да биде лесен плен за тимот на Хулен Лопетеги, бидејќи ги добија претходните четири меѓусебни средби. Сепак, треба да се земе во предвид дека Осасуна сезонава има само еден пораз на домашен терен од вкупно седум меча, што значи дека домаќините многу се потпираат на поддршката од трибините.

Но, како што Осасуна негува добар учинок на свој терен, така Севилја е неприкосновена на гости. Тие се најдобри во Шпанија со пет победи на вкупно осум гостувања, поточно од вкупно 30 бода дури 16 ги освоија надвор од „Санчес Писхуан“.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.20)

- Оглас -

Најнови вести