Ротердам ќе го слави денешниот датум: Феенорд го растури Ајакс како никогаш порано (Видео)

Феенорд го растури и понижи Ајакс со 6-0 во холандскиот „Де Класикер“, и ова е најубедлива победа за тимот од Ротердам против ривалот од Амстердам во историјата.

Гамбиецот Јанкуба Минтех кој има 19 години и 260 дена, даде два гол, а имаше и една асистенција, па стана најмладиот фудбалер во историјата кој имал ваков учинок во пресметките на Феенорд и Ајакс.

Феенорд пред 60 години го имал победено Ајакс со 9-4 и досега тоа им беше најубедлив триумф во меѓусебните дуели, а денеска веќе во 66-та минута семафорот покажуваше неверојатни и историски 6-0 какви не се паметат.

После овој меч, Феенорд има 24 бодови повеќе од Ајакс, ваква разлика помеѓу нив во полза на Феенорд немало 25 години.

- Оглас -

Најнови вести