Рубљов испиша историја во тенисот, без да го допре топчето стигна до полуфинале!

Тенискиот турнир кој се игра неделава во Доха, предизвикува внимание поради појавувањето на Роџер Федерер, после пауза на Швајцарецот од 14 месеци, но сега Андреј Рубљов го презема приматот, поради едно невидено достигнување. Русинот е прв тенисер во историјата (од 1990 наваму) на АТП турнирите, на кој му успеало ова.

Тој без борба и ниту една капка пот, стигна до полуфинале. Во првото коло беше слободен, во второто требаше да игра со Ришар Гаске, но уште пред почетокот Французинот го предаде мечот поради повреда. Следуваше трето коло, кое е четвртфинале, а Рубљов повторно победи без борба. Унгарецот Мартон Фучович истотака се предаде.

Во полуфиналето, Рубљов треба да игра со Доминик Тим или Роберто Баутиста Агут.

- Оглас -

Најнови вести