Рубљов испушти меч-топка и го загуби финалето, виновен му беше и фоторепортер! (Видео)

Полјакот Хуберт Хуркач го освои тенискиот Мастерс во Шангај, откако во драматично финале го совлада Русинот Андреј Рубљов со 6-3, 3-6, 7-6.

При 4-5 во третиот сет, Рубљов загуби поен, со што Хуркач дојде до меч-топка, а Русинот му се лутеше на еден од фоторепортерите кои си ја вршеа работата.

Рубљов му викаше: „Зошто? Зошто шеташ среде поен?“. Судијата го опомена Рубљов дека тоа не е начин на кој треба да се обраќа.

Подоцна во тај-брејкот и Рубљов имаше меч-топка, кога поведе со 6-5, но не ја искористи и потоа Хуркач дојде до победа. После загубениот поен кој значеше дефинитивен пораз, Рубљов со рекетот силно се удираше по двете нозе.

Ова е поенот за кој Рубљов мислеше дека го загубил по вина на еден фоторепортер:

- Оглас -

Најнови вести