Рубљов: Пораката против војната во Украина е најдобрата работа што ја направив годинава

Рускиот тенисер Андреј Рубљов кој се подготвува за настап на егзибицискиот турнир во Саудиска Арабија, изјави дека дека една од најважните работи што ги направи годинава е порака да се запре војната во Украина, која ја напиша на објектив на ТВ камера на турнирот во Дубаи. Рубљов по победата во полуфиналето на турнирот што се играше во февруари годинава во Доха, на објективот на камерата напиша: „Без војна, ве молам“, мислејќи на руската воена инвазија врз Украина.

Русинот слична порака напиша и по еден меч на завршниот мастерс турнир што се играше во Торино минатиот месец. Тогаш на објективот на ТВ камерата, Рубљов, напиш „Мир, мир, мир, на сите ни треба“.

„Не сакам да зборувам за себе и да кажувам добри работи за себе си, туку можам само да се осудувам за своите постапки или резултати. Поради тоа минатата сезона, поради ситуацијата во светот, чувствувате дека можеби не ја заслужувате поддршката од луѓето. Посебно во Торино, никогаш досега не сум почувствувал такво нешто и тоа беше навистина специјален момент за мене. Една од најдобрите работи што ги направив оваа година беше пораката што ја оставив во Дубаи. Тоа беше најзначајното нешто што можев да го направам во текот на годината“, изјави Рублов.

Поради војната во Украина, руските репрезентации и клубови во повеќето спортови се суспендирани од меѓународните натпреварувања, но за тенисерите нема забрана и тие можат да играат на тениските турнири ширум светот.

„Во мојот случај, имам многу среќа. Не можам да кажам ништо или да се пожалам бидејќи можам да играм и да патувам. Имам голема среќа, но милиони луѓе страдаат и тоа е страшно“, изјави Рубљов.

- Оглас -

Најнови вести