Руд за првпат во кариерата ќе ја почувствува моќта на Ѓоковиќ

Во ситуација кога Рафаел Надал нема да ја брани титулата, Новак Ѓоковиќ има отворен пат до трофејот во Мастерс-турнирот во Рим. Првиот светски рекет четирипати губел од Шпанецот во финалните дуели на овој турнир, а доколку денес слави против Каспер Руд во првото полуфинале, ќе има прилика по 10-ти пат да се бори за пехарот.

Последен пат Ѓоковиќ славеше во Велниот град во 2015 година, а потоа загуби три финалиња во низа од Енди Мареј, Александер Зверев и Рафаел Надал. Денес за првпат ќе има прилика да ги одмери силите со 21- годишниот норвешки тенисер, кој моментално е на 34-тото место на АТП ранг-листата.

Првото полуфинале Ѓоковиќ – Руд стартува во 14 часот, а подоцна ќе се дознае вториот финалист, ќе биде тоа подобриот од мечот Шаповалов – Шварцман (19ч).

- Оглас -

Најнови вести