Ругани не е единствениот играч на Јувентус заболен од коронавирусот

Даниеле Ругани создаде големи проблеми во просториите на Јувентус. Претходно денес се потврди дека италијанскиот дефанзивец е заразен со вирусот Ковид-19, а истиот го пренел на Пауло Дибала. Сите членови на Старата дама, точно 121, се во домашен карантин и повеќето од нив ги поминале тестовите, а се испостави дека и Дибала е заразен.

Големи се шансите и неговиот сонародник Гонзало Игуаин да биде следниот играч на Јувентус кој ќе мора да се соочи со вирусот, поради блискиот контакт со Дибала. Од европските земји Италија најмногу е погодена, до денес има повеќе од 1.000 мртви и над 15.000 заболени од вирусот, а воедно е прогласена пандемија на глобално ниво.

- Оглас -

Најнови вести