Руис знае зошто загуби: Многу забава, прекумерна тежина и малку тренинг

Ентони Џошуа ја врати светската титула во тешка категорија откако беше подобар во реваншот против Енди Руис. Борбата траеше 12 рунди, Британецот победи без нокаут, одлуката на судиите беше едногласна во корист на Џошуа.

Откако Мексиканецот во јуни годинава му ги одзеде појасите на Џошуа, слободното време најчесто го трошел на забави и ги занемарил обврските. Токму тоа е причината што Руис не успеа да го одбрани тронот, но се надева дека ќе добие трета шанса да му докаже на Џошуа дека е еднакво добар боксер.

„Три месеци константно журкање ме доведоа до состојба да ги зголемам килограмите. Ги занемарив тренинзите, а кога се подготвував за оваа борба не се посветив целосно. Требаше да ги послушам советите на мојот тим. Загубив затоа што бев потежок од вообичаено, а поради тоа не се движев во рингот како што обично можам“, истакна Руис.

На еден ден пред спектаклот, Руис на мерењето изненади со тежина од 128,6 килограми, односно беше потежок од Џошуа за 21 килограми.

- Оглас -

Најнови вести