Румениге им ја затресе мрежата на европските гиганти: Нема да има фудбалска НБА во следните 10 години

Карл-Хајнц Румениге вели дека европските гиганти треба да почекаат да мине кризата со Коронавирусот, па да разговараат за формирање на Суперлига, по принципот на НБА-лигата, со затвотрен карактер и со постојани членки и учесници во неа.

Вториот човек во хиерархијата на Баерн Минхен јасно го соопшти ставот дека не очекува во скоро време да се формира таква лига.

„Сега и не е време за такви разговори. Кога веќе сме на таа тема, јас сум убеден дека во следните 10 години нема да биде формирана, со тоа и нема да се игра формат на замислената Суперлига“, вели претседателот на бордот на директори во Баерн.

Баварците би биле сигурни учесници, но сега Румениге во интервју за „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“ ги разочара останатите европски гиганти кои долго време планираат ваков проект.

За таа цел пред неколку години беше формирана и Г-14 групата, составена од 14 клубови од различни земји кои долго бијат битка за формирање на фудбаласката НБА од затвоерн тип, но никако да ја формираат.

Таканаречените помали клубови не би играле во Суперлигата која би била од затворен тип со постојани учесници, а тоа секако се најголемите европски клубови.

„Во овој момент мислам дека спласна идејата кај грото од клубовите за да се спроведе планот за Суперлига. Таа лига има само една цел, да се заработат повеќе пари, а тоа сега се чини и не е најважно. Според мене, нашата Бундеслига е идеална и принципот најдобрите екипи да играат во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа не треба и нема да се менува“, заврши Румениге.

- Оглас -

Најнови вести