Румениге претера: Нојер е најдобар голман во историјата

Извршниот директор на Баерн Минхен и легенда на баварскиот клуб, Карл Хајнц Румениге, не штедеше комплименти за голманот Мануел Нојер, и тоа на денот кога Баерн треба да игра со Шалке 04, клубот од кој Нојер во 2011 година го засили најтрофејниот германски клуб.

Нојер неодамна се налути што клубот ангажираше друг голман (младиот Александер Нубел од Шалке), се шпекулираше дека Јувентус се интересира за него, па шефот на баварците сега „му удира четки“, и вели дека е најдобриот голман кој светот го познава.

Румениге изрази надеж дека Нојер ќе остане во клубот уште долго време, иако договорот му истекува во јуни 2021 година.

„Свесни сме каков голман имаме. Нема потреба да се дискутира колку е добар. Сум ги гледал и Сеп Маер, и Оливер Кан, сега Нојер. Сите се светска класа, но Мануел ја крена голманската игра на друго ниво. Тој е најдобриот голман кој светот некогаш го видел”, изјави Румениге.

- Оглас -

Најнови вести