Румениге: Трампа Сане за Алаба? Само во бајките на браќата Грим

Трансферот на Лерој Сане од Манчестер сити во Баерн Минхен беше пред официјализација, но тешката повреда на германското крило ја расипа работата, но баварците не се откажуваат, и повторно сакаат да го купат Сане. Но, на Пеп Гвардиола и Манчестер сити им се допаѓа Давид Алаба, па сега нудат размена Сане за Алаба.

Еден од челниците на Баерн, Карл Хајнц Румениге, ги отфрла овие наводи, кои според него се бесмислени.

„Слушам дека ќе сме го пуштеле Алаба во Сити во замена за Сане. Тоа се бајки од браќата Грим, и немаат никаков допир со реалноста. Тоа не е опција за Баерн“ – вели Румениге.

Договорот на Алаба истекува во летото 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести