Руне и Рубљов ќе играат за титулата на Мастерсот во Монте Карло

Данскиот тенисер Холгер Руне и Русинот Андреј Рубљов ќе играат во утрешното финале на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Монте Карло, откако со пресврт беа подобри од Јаник Синер, односно Тејлор Фриц во полуфиналето.

Руне славеше над Синер со 1:6,7:5,7:5, додека Рубљов беше подобар од Фриц, исто така во три сета и тоа со 5:7,6:1,6:3. Финалето ќе се игра утре од 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести