Руни е посакуван од премиерлигаш, но и таму го очекува нов пеколен предизвик

Вејн Руни би можел својата тренерска кариера да ја продолжи во екипата на Барнли. Некогашниот англиски репрезентативец, којшто со Дерби каунти испадна во Лига 1, но не поради негова вина, има шанса на повисоко ниво да ги докаже своите тренерски способности.

Руни со Дерби испаднаа поради тоа што им беше одземен 21 бод поради финансиски проблеми, но тој ќе остане до крајот на сезоната, а тимот го очекува голема реконструкција по нејзиното завршување.

Иако самиот тренер изрази желба да остане, само доколку новите сопственици имаат јасна визија за враќање на клубот, јасно е дека повик од Премиер лигата тешко се одбива. Сепак, не е јасно дали наредната сезона Барнли ќе игра во Премиер лигата.

Тимот е на 16-тото место со 31 бод, додека под него е Евертон со два помалку, кој е во „црвената“ зона. Во секој случај, и Барнли да обезбеди опстанок оваа сезона, во наредната повторно го очекува пеколна битка за да не испадне ранг подолу.

- Оглас -

Најнови вести