Руни е спремен да им забие нож во срце на навивачите на Манчестер јунајтед

Некогашниот голгетер на Манчестер јунајтед и националниот тим на Англија, Вејн Руни, изјави дека е подготвен да работи како помошник на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

„Ако Гвардиола дојде и ме замоли да му бидам помошник, ќе се согласам. Гледате што прави Микел Артета во Арсенал и сигурен сум дека голем дел од успехот му е затоа што учеше од Гвардиола“, вели 38-годишниот Руни, кој најубавиот гол во кариерата го постигна во градско дерби против Сити и прв стрелец е во историјата на Црвените ѓаволи.

Руни не застана тука со пофалбите на адреса на шпанскиот стручњак.

„За мене најдобар тренер е Гвардиола. Гледате како игра Сити сега. Не е како пред четири години. Тој цело време прави промени“, кажа Руни, кој како тренер беше на клупата на Дерби каунти, Ди-Си јунајтед и Бирмингам.

- Оглас -

Најнови вести