Руни е вистинска легенда: Со гол го прослави 500-тиот меч во англискиот лигашки фудбал

Вејн Руни покажува дека уште е вистинска ѕвезда во Англија. Играчот кој е рекордер по бројот на погодоци во Манчестер јунајтед, а е и најдобар стрелец во историјата на англисата репрезентација, вечерва прослави убав јубилеј. Руни го одигра 500-тиот лигашки натпревар во англискиот фудбал.

Искусниот Руни сега е играч на Дерби каунти, а вечерва во јубилејниот натпревар успеа да даде и гол. Тој погоди од пенал во ремито 1:1 против Фулам. Играчот кој веќе стана легенда, во Премиер лигата се појави во 2002 година како играч на Евертон. Таму помина две сезони, а потоа направи трансфер во Манчестер јунајтед.

Руни на „Олд Трафорд“ помина 13 сезони во кои одигра 393 лигашки мечеви и даде 183 погодоци. Потоа се врати во Евертон, а по една сезона, реши да замине од Англија. Одигра две сезони во ДЦ Јунајтед, а потоа се врати во Дерби каунти во Чемпионшип, каде и го прослави 500-тиот лигашки натпревар во Англија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести