Руни го коментираше можното доаѓање на Роналдо во Сити

Манчестер сити со понуда од 30 милиони евра тргна во „лов“ на Кристијано Роналдо, а според многумина, договорот може да биде потпишан до крајот на денов. На Португалецот му се нуди двегодишен договор со Граѓаните според кој ќе заработува дури 31 милион евра по сезона.

За многумина ќе биде шок Роналдо да потпише за Сити, ако се знае дека светската афирмација Португалецот ја доживеа додека играше за Манчестер јунајтед, лутиот градски ривал на Сити. Додека беше во Јунајтед, Роналдо беше одличен тандем со Вејн Руни во нападот, а токму Руни вели дека не очекува Кристијано да го облече дресот на Сити.

„Кристијано остави длабока трага во Манчестер јунајтед и знам дека самиот тој е горд како играч и како човек. Не го гледам во дресот на Сити, но тоа е фудбал и никогаш не знаете што може да се случи. Малку играчи од негов калибар играле за Јунајтед, а потоа прифатиле да бидат дел од Сити. Тоа го направија Питер Шмајхел и Енди Кол, но не верувам дека Роналдо ќе го стори тоа. Мислам дека е поблиску до потпис со ПСЖ“, рече Руни.

Од ПСЖ се чека да ја прифатат понудата на Реал Мадрид за трансфер на Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, со што може да се отвори опција Рoналдо да дојде во Париз и да стане соиграч со Лионел Меси и Нејмар.

 

- Оглас -

Најнови вести