Руни го напушти легендарниот клуб што е меѓу 12 величенствени и основач на англискиот фудбал

Вејн Руни си поднесе оставка и веќе не е тренер на легендарниот англиски клуб Дерби Каунти.

Легендата на англискиот фудбал изјави дека на популарните Овни им треба нова енергија, откако не успеа да ги спаси од испаѓање во Чемпионшип и ќе игра во Лига 1 по 36 години.

Руни реално имаше екстремно тешка задача, бидејќи Дерби ја играше сезоната со минус од 21 бод поради казна за финансиските проблеми на клубот.

Дерби е легендарен клуб во Англија, формиран во 1884 година и е еден од 12-те величеснтвени што ја формираа англиската фудбалска лига во 1888 година.

Имаат две шампионски титули и по еднаш го креваа пехарот во ФА купот и во Комјунити шилд.

 

- Оглас -

Најнови вести