Руни: Јунајтед погреши што го отпушти Ван Гал

Поранешниот капитен и легенда на Манчестер јунајтед Вејн Руни, смета дека клубот погреши што го отпушти Луј Ван Гал во 2016 година. Ексрепрезентативецот на Англија за медиумите на Островот истакна дека многу научил под палката на холандскиот стратег кој сега е во пензија, додека отказот се случил во најлош можен период, кога екипата таман се навикна на филозофијата на Ван Гал.

„Отказот на Ван Гал за мене беше доста непријатно изненадување. Уживав да работам со него, управата мораше да му даде шанса да го води тимот во третата сезона, но тие направија голема грешка. Имав чувство дека играчите се навикнаа на него и конечно почнавме да се разбираме на теренот откако ја сфативме неговата визија. За две години научив многу од него, повеќе од било кој друг тренер и ми беше полесно да играм бидејќи имаше доверба во мене“, истакна Руни.

Ван Гал во нецели две сезони на клупата на Јунајтед го одведе тимот до трофејот во ФА купот, а покрај бројните повреди успеа да им даде шанса на неколку млади играчи како Маркус Рашфорд, кои денес се стандардни првотимци на екипата.

- Оглас -

Најнови вести