Руни не чекаше многу за нов тренерски ангажман, се враќа во МЛС-лигата на добро познато место

Вејн Руни тренерската кариера ќе ја продолжи преку Барата, во тимот на ДЦ јунајтед каде своевремено беше член на екипата четири години.

Легендата на Манчестер јунајтед не чекаше многу за нов ангажман по прекинот на соработката со Дерби каунти. Договорот веќе е подготвен, наскоро ќе се официјализира новата работа на Руни.

Инаку, за тимот од Вашингтон, Руни запиша 52 настапи од 2018 до 2022 година во кои забележа учинок од 25 гола и 14 асистенции. Беше голема ѕвезда на тимот, а сега со него ќе командува од клупата.

- Оглас -

Најнови вести