Руни: Не е само Тен Хаг виновен, има вина и кај играчите

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед и актуелен менаџер на Бирмингам, Вејн Руни, смета дека менаџерот Ерик тен Хаг не е целосно виновен за катастрофалните резултати на Црвените ѓаволи сезонава, туку вина има и кај фудбалерите.

„Таква е работата на тренерите и ние ја прифаќаме. Со тоа доаѓа и притисокот. Тен Хаг знае како е да се води Манчестер јунајтед, но не оди така како што сите се надеваат. И играчите мора да преземат дел од вината бидејќи не ги прикажуваат игрите кои знам дека можат да ги прикажат. Но, сè се завршува со менаџерот и тоа е природата на нашата работа. Да, во криза си неколку неделни, но играчите можат да направат многу повеќе за менаџерот“, изјави Руни.

Манчестер јунајтед во последните пет дена доживеа два тешки пораза на домашен терен со идентичен резултат 0:3, прво Манчестер сити славеше во Премиер лигата, а потоа и Њукасл во Лига купот.

По десет кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед има освоено 15 бода, дури 11 помалку од лидерот Тотенхем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести