Руни не го напушта Дерби и покрај проблемите: Најлесно е да избегаш, па после да коментираш од страна

Дерби каунти поминува низ своите најцрни денови во 137 годишната историја. Еден од основачите на фудбалот на Островот се соочува со банкрот откако пред неколку дена му се одземени 12 бодови од Чемпионшип лигата и со тоа падна на последното место.

Сепак, тренерот на овој тим, фудбалската легенда Вејн Руни, нема да си замине и нема да „крене раце“ од овој тим.

„Знам колку е тежок животот. Кога бев мал, живеевме со мојата фамилија во една соба во близина на Ливерпул, а немавме што да јадеме, но, не се откажавме. Така и сега нема да се откажам бидејќи најлесно е тоа да го направиш. Ќе продолжам да им ги плаќам гостинските натпревари на моите играчи и опремата, а се надевам дека ќе успееме да избориме опстанок“, кажа Руни за англиските медиуми.

Во новото коло од втората по квалитет лига во Англија, Дерби, ќе му гостува на довчерашниот премиерлигаш Шефилд јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести