Руни откри зошто Јунајтед се откажал од услугите на Пике

Вејн Руни, поранешниот напаѓач и капитен на Манчестер јунајтед, добро се сеќава зошто Црвените ѓаволи толку лесно се откажаа од услугите на Шпанецот во 2008 година, по што тој премина во Барселона и направи успешна и трофејна кариера.

Руни вели дека за Пике кобно било едно гостување кај соседот Болтон.

„Гостувањата кај Болтон секогаш беа ужасни. Кога гостуваш на нивниот стадион, знаеш дека за да победиш, мора да водиш голема борба и да играш многу цврсто. Едно од тие гостувања кај Болтон ја заврши кариерата на Пике во Манчестер јунајтед. Тој беше млад и тие му се потсмеваа. Мислам дека тогаш Фергусон одлучи дека Пике физички не е доволно цврст за да игра во англиското првенство“, изјави Руни.

Пике за три години во Јунајтед одигра 23 меча, даде два гола и имаше по една асистенција и црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести