Руни се чуди како никој не отвори истрага: Титулата која што ја освои Манчестер сити треба да се испита

Пред 10 години, Манчестер сити ја освои првата титула откако клубот премина под раководство на богатите шеици. Голот на Серхио Кун Агуеро против Квинс Парк Ренџерс за победа од 3:2 значеше и три бода со кои што имаа подобра гол разлика од Манчестер јунајтед.

Вејн Руни, сè уште го боли тој пораз и загубена титула и јавно ја запраша федерацијата, како и полицијата зошто сè уште нема истрата.

„Голманот на КПР можеше многу подобро да реагира при два гола. Најсомнилтено ми е тоа што про израмнувачкиот гол за 2:2, фудбалерите на КПР иа имаа топката на центарот во свој посед, а место да ја задржат, тие само ја шутнаа во аут.

Сето тоа е доволно да се покрене истрага, бидејќи такво ништо никогаш нè е видено во фудбалот и сето тоа ми навистина сомнително“ изјави Руни.

На крајот и двата тима од Манчестер имаа по 89 бодови, но синиот дел од овој град се радуваше на титулата.

- Оглас -

Најнови вести